Поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, ги обвинува раководствата на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како подеднакво одговорни за разурнување на безбеднисниот систем на земјата преку партизација на Министерството за внатрешни работи, коментирајќи го скандалот со македонски пасоши за балканската мафија.
Трајанов, во интервју за Zoom.mk, тврди дека овие две партии во изминатите 30 години свесно имаат поставено партиски кадри на врвот на МВР со цел да се обебеди целосна контрола над Министерството, а со тоа и да го штитат криминалот на носителите на јавни функции, а не да го откиват.
„Тоа е логиката од 20 години, така функционираат сите партии. Сака да дојде на власт и прво што се фаќат е МВР да го контролира и АНБ и бараат погодно личност која ќе раководи со таа институција и ќе ги штити од можна компромитација или не дај боже од можна истрага“, вели Трајанов.
Тој смета дека МВР не може да работи независна и ефикасна институцијата ако таму главно се распоредуваат партиски кадри.
„Тоа значи катасрофа за функионирањето на оваа витална значајна институија“, додава Трајанов. .
Во врска со одговорноста на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за скандалот со пасошите, Трајанов смета дека Спасовски е политичка фигура, кој треба да одговара ако неговиот стручен тим потфрлил.
„Ако министетот го поставува мандатоарот, а потоа му поставува заменик министер од ДУИ, државен секретар од друга партија, од Беса, ЛДП, од било кој, не е важно, тоа е коалиција којашто не функционира. Тука се релативизира одговорноста на првиот човек“, објаснува Трајанов.