Претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов истакна дека не му се допаѓа што премиерот Димитар Ковачевски ги дели граѓаните. Изјавата Трајанов ја даде вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

„Апсолутно е неодговорно, неприфатливо, дури опасно да ги делите граѓаните и партиите дека едните се за Европска Унија, а другите не се. Тоа е опасна поделба, јас тоа не го поддржувам, таа реторика што ја промовира и претседателот на Влада и други министри е неприфатлива“, изјави Трајанов.