Павле Трајанов, пратеник и поранешен министер за внатрешни работи, ја обвинува ДУИ за регрутација на партиски кадри во рамките на МВР, без соодветни и целосни безбедносни проверки, без тест на интегритетот.
„Сите информации зборуваат дека, има и од други парти, апсолутно не ги исклучувам, но најгласувам дека ДУИ мораше да вработи и согласно Рамковниот договор, од два да стигнат до 25 посто во таа инстиуција, под притисок, уцени“, истакнува Трајанов.
Тој тврди дека партиските кадри на ДУИ во МВР им ја дерат кожата на албанската дијаспора кога треба да вадат регуларни пасоши.
„И врапците знаеја дека во Управните служби при криза на издавање на пасоши таму, од сто до илјада, две илјадии евра ги одраа нашите иселеници, најмногу настрадаа токму Албанците од своите кадри таму, од кадрите на ДУИ. Тие плаѓаат големи пари за да добијат регуларен пасош, а да не збориме колку заработиле сите тие таму“, вели Трајанов, во интервју за порталот Zoom.mk.