Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов во гостувањето во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 изјави дека да бил тој на позицијата прв човек МВР сигурно дека Сашо Мијалков немаше да избега.

– Хипотетички, најодговорна за бегството е Владата, треба институциите да функционираат, ако тие не функционираат, ако нема координација, јасно е. Многу е лошо да се прогнозира, институциите ги имаат сите средства, располагаат со современи средства за следење. Требаше досега јавниот онвинител да отвори истрага, Судот да види дали имало пропусти, МВР треба да се преиспита, вели Трајанов кој притоа додава:

-Јас да бев прв човек на полиција немаше да избега, 100%. Има механизам има луѓе, силната партизација ја изеде државата“ – вели Павле Трајанов, пратседател на Демократски сојуз во Студио 10 на ТВ24.