Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов повика партиски експерти заедно со Заводот за статистика да учествуваат во доработката на методологијата за попис со цел да се поправи она што е пропуштено со Законот за попис.
Трајанов тврди дека не е спорно што сите политички партии се за одржување на попис затоа така ќе можеме да ги планираме сите стратешки активности на државата, меѓутоа морало да има разграничување на резидентно и нерезидентно население.
„Добро е да се попишеме, но објективно мораме да знаеме колку се оние кои живеат овде во Македонија. А тоа не се вгради во овој закон. Затоа предложив од Собраниската говорница, а и вечерва тука експерти од сите политички партии да учествуваат во законот за попис“, изјави Трајанов за ТВ24.
Тој сметка дека директорот на Заводот за статистика треба да ги повика партиските експерти со цел да се корегира тоа што е пропуштено.