Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим? – Ова го напиша Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје.
Национален тим?
Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?!
Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во… pic.twitter.com/rl4rAF6w9X
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) June 17, 2024
Тој ова го напиша на социјалните мрежи, по реациите и коментарите на Касами, Таравари и Меџити, кои како што пренесуваат медиумите, фудбалската репрезентација на Албанија ја условуваат како „нашата репрезентација“. Ова се случуваше за мечот помеѓу Албанија и Италија (1:2) на Европското првенство кое се игра во Германија.