Парламентот треба да биде највисокиот дом на демократијата каде што се носат закони и стратегии за државата. Процесот за подготовка на Деловникот трае подолго и се постигнаа согласност. Јас лично имав против и сметав дека филибастерингот треба да остане но само за ситуации кои се однесуваат на државни прашања. Јас бев за тоа секој пратеник да има можност кога станува збор за важни прашања за државата да може да блокира, но за тоа немаше клима и мнозинството се согласија со сегашната верзија, вели пратеникот и лидер на Демократски сојуз Павле Трајанов во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Сегашната состојба е тоа што ДУИ ја контролира владата оти СДСМ за да формира влада мораше да направи големи отстапки кои не соодветствуваат со уставно определената застапеност, смета Трајанов.

– Ние не би учествувале во влада во која ќе учествуваат СДСМ и ДУИ оти штетите што ги направија се огромни, вели Трајанов додавајќи дека не можат тие да бидат носители на промени во државата.

Според Трајанов, повеќе од јасно е дека сегашната власт ќе ги загуби и претседателските и парламентарните избори оти граѓаните се незадоволни затоа што системот не функционира.