Министерот Тошковски во превентивна акција заедно со РСБСП и Факултетот за безбедност
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патиштата и Факултетот за безбедност учествуваше во заеднички превентивни активности насочени кон едукација на граѓаните. Министерот Тошковски заедно со деканот на факултетот за безбедност Јонче Ивановски, директорот на РСБСП Горан Ангеловски и полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје разговараа со граѓаните на сите актуелни од областа на сообраќајот каде доследното почитување на правилата се важни за правилното и безбедно учествување во сообраќајот.
До граѓаните преку разговор и делење на едукативни материјали беа пренесени пораките како задолжителното користење на зимска опрема, вози одговорно значи патувај безбедно, и јас и ти сме пешаци, вози одморен, носи кацига, секогаш стави појас што се правила кои треба да ги почитуваат сите учесници во сообраќајот и пешаците и возачите.
Министерството за внатрешни работи, заедно со РСБПС и Факултетот за безбедност во текот на годината заеднички изведуваат голем број вакви превентивни активности со цел едукација на граѓаните за своите обврски и права кои ги имаат како учесници во сообраќајот.