Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека пунктовите, како тој во полициската станица Пролет, се популистички мерки кои се многу слабо менаџирани и најави дека ќе се воведе двосменско работење за да им се излезе пресрет на граѓаните, пренесува Плусинфо.

Според него, поради лошото планирање во делот на набавувањето на обрасците и лошото менаџирање на целиот процес на испорака, доведе до тоа да бидат порачани само 1.750.000.

„Грешката е направена од старт, не нарачале доволен број на пасоши, и согласно договорот којшто го потпишале, не можам сега јас да го обвинам доставувачот, односно производителот, заради тоа што дале рок кој што е надвор од памет, во делот на испораката. Лоша е динамиката“, истакна Тошковски и најави дека преговараат со доставувачите да испорачаат колку што можат повеќе обрасци во колку што можат пократок рок.