Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика.

Министерот Панче Тошковски вчера на вонредна прес-конференција објави дека не е регистрирано радијационо зрачење, но во непосредна близина на пожарот има високо ниво на штетни супстанци.

„За да ја минимизираме опасноста, препорачуваме оние кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. На располагање се ставани сместувачки капацитети на Центарот за обука“, изјави Тошковски, истакнувајќи дека на 400 метри од пожарот не е евидентирано загадување и ова се однесува на оние кои живеат во околината.

Тој истакна и дека се вршат разговори со три лица во станица, за да се утврдат околностите за пожарот, а оперативните активности продолжуваат.

Пожарот се гасне со песок, по препорака на меѓународни стручњаци. Министерот потврди дека горат батерии што налага посебен начин на делување.

Текстот Тошковски: Граѓаните кои живеат во близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните сустанци, радијација нема е превземен од МАКФАКС.