Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Комората за приватно обезбедување, каде истакна дека МВР, како надлежен регулатор на овој аспект во работењето, има за цел континуирано да биде во тек со сите потреби, активности и трендови во приватното обезбедување.

– МВР навремено да ги детектира сите можни нови форми на соработка кои се подеднакво во интерес како на приватната, така и на јавната безбедност, потенцира министерот Тошковски при посетата на Комората на приватно обезбедување.

Како што информира МВР, акцент беше ставен на потребата од постојаната стручна и професионална надградба, како на процесите така и на самиот човечки кадар во дејноста на приватното обезбедување и постојаниот контакт и размена на искуства и стручна соработка.

– За време на посетата на  Комората на приватно обезбедување беше потенцирано дека соработката меѓу министерството и Комората е добар пример за меѓуинституционално партнерство со високо ниво на комуникација со конкретни резултати во функционирањето, се вели во соопштението од МВР.