Блокадата во Торонто започна на 23 ноември, кога провинцијата беше погодена од вториот бран зараза, сегашните стравувања се поради новите мутации. Рестриктивните мерки и наредбата да се остане дома во најголемиот канадски град Торонто, се продолжени најмалку до 8 март, објавија вера канадските власти.
Министерката за здравство на канадската провинција Онтарио, Кристин Елиот, објавувавајќи ја одлуката, рече дека е тешка, но неопходна.
– Advertisement –
Локалната функционерка Ајлин де Вила побара од провинциските власти претходно оваа недела да ја продолжат блокадата поради загриженост од ширење на нови видови на вирус.
Градоначалникот на Торонто Џон Тори го поддржа нејзиното барање и изрази надеж дека ова ќе биде последна блокада.
Блокадата во Торонто започна на 23 ноември, кога провинцијата беше погодена од вториот бран.