Лидерот на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, изјави дека Албанците во Северна Македонија сè повеќе стануваат приоритетен фокус на двете албански држави – Албанија и Косово.
„Изгледа дека меѓународните политички случувања предизвикаа неизвесност кај речиси сите, како и гнев кај држави како Канада, која моментално прогласи трговска војна со САД. Слично, во Европа расте незадоволството поради новите геополитички околности.
За жал, во еден претходен текст отворено ја изразив мојата загриженост за можната ескалација на ситуацијата, а неколку дена подоцна се одржа средбата Зеленски-Трамп во Овалната соба. Сепак, среде целиот овој хаос, меѓу многуте случувања, се појави и едно позитивно изненадување: оваа ситуација ги зближи Албанците и нивните држави повеќе од кога било!
Иако историјата покажува дека никогаш не сме знаеле вистински да се поддржуваме, овој пат изгледа дека го менуваме тој тек! Великиот Конца би бил шокиран од оваа невидена соработка, но сигурно и среќен!
Сцените што прикажуваат безусловна соработка меѓу двајцата албански премиери, Курти и Рама, на меѓународните самити се најголемото изненадување на овој четврт век. Меѓу Албанците се создава едно ново сојузништво, првото од ваков вид во историјата.
Еден уште поважен факт е дека Албанците во Македонија не само што не се изоставени од овој процес, туку се повеќе вклучени од било кога.
Дури и станавме приоритетен фокус на двете албански држави, и да бидеме искрени, добиваме не само тоа што го заслужуваме, туку и тоа што ни беше одземено со години.
Според философијата на Јин и Јанг, сè има две страни – светот можеби се соочува со хаос, но позитивната вест е дека Албанците се зближија како никогаш досега!
Кога велам „Албанците“, мислам на нивото на политичката сцена. Мотото на Белгија, која е административното срце на Европа, гласи „L’Union fait la Force“ – „Единството ја создава силата“.
Оваа мисла ја има кажано и нашиот национален херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег, кој дури и ако не ја изговорил, ја докажал со своите извонредни дела.
Сега е време ние, неговите потомци, повторно да ја оживееме оваа визија, за која со векови сонуваа милиони Албанци! Само така ќе бидеме посилни, посмирени и, пред сè, вистински Албанци!“ – напиша Таравари. / Top Channel