Несекојдневен настан се случи денеска во седиштето на партијата Нов демократски дух (ФРД), меѓу претседателот Илир Мета и полициските службеници, кои биле дојдени да асистираат во ослободувањето на просторите.
„Неочекувано претседателот Мета насилно се судри со полициските службеници во просториите на ФРД, која е дел од опозицискиот изборен блок Дури се закани дека ќе ги стави во затвор, јави Топ чанел телевизија.
-Излезете надвор, не создавајте проблеми, зошто ја малтретирате опозицската партија? Ви велам: Јас ќе ве одведам во затвор со свои раце, тоа е она што ви го велам, им се заканил Мета на крајно изненадените и револтирани полицајци, наведува телевизијата.
Според истиот извор причината е конфликт што започнал откако членовите на ФРД одбиле да ги испразнат канцелариите што од паријата го барала општина Тирана а во кое стои дека „треба да заминат од тука поради амортизираниот објект “.
Како што пренесува пак, агенцијата Балкан веб, Мета бил повикан од претседателот на партијата Сали Шеху(кој деновиве го замени Бамир Топи, по неговата оставка) дека физички го нападнала полицијата, што се повторило и во присуство на Мета.
-Претседателот Мета апелираше до градоначалникот на Тирана Ерион Велиај да се откаже од ваквото дејствување. Од полицијата пак побара да го почитува законот бидејќи ќе заврши како полицајата на Мубарак, пренесува Балкан веб.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај за Њуз 24 изјави дека ФРД не го почитува законот и дека пред 10 дена општината им испратила писмо да ги ослободат просториите а за што рокот изминувал денес.
-Испративме писма до партиите да ги ослободат просториите. Другите партии ја почитуваа одлуката, додека ФРД денес покажува моќ заедно со Мета, чие присутно не можам да си објаснам зошто е. Моја обврска е да го заштитат целокупниот имот на општината. Кога сите други партии сместени во овој објект го испочитуваа нашето барање и оваа партија мора го стори истото, рече Велиај.
Додаде дека просторите се во сопственост на општина Тирана обвинувајќи дека „денешното однесување на Мета е тешка деградација на институцијата претседателот а и на самиот себе како личност“.