Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски е позитивен на Ковид-19. Тој преку социјалните мрежи соопшти дека ќе оди во изолација во следните 10 дена, а неговиот тим ќе продолжи да работи на терен.
За жал мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајки ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово, вели Михајловски.