И третиот пораз на Светското првенство во Египет, македонската репрезентација го претрпе со двоцифрена разлика.
На стартот од главната фаза на Мундијалот, Словенија беше подобра со 31:21, но играта на Македонија и покрај резултатот беше подобра од учинокот во дуелите со Шведска и Египет.
Голманот нашата селекција Мартин Томовски одлично ги искористи своите минути кои ги доби во средината на второто полувреме кога прашањето на победникот беше практично решено.
– Добро го започнавме натпреварот, но направивме премногу технички грешки во второто полувреме. Словенија лесно ја казнуваше секоја грешка која ја направивме, а како што изјави селекторот Брестовац, разликата од 10 гола не е реална на овој дуел. Мора да бидеме подобри во преостанатите два натпревари, и да се обидеме да ги изненадиме Русија и Белорусија – се зборовите на Томовски.
Наредниот меч избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе го имаат в петок од 15.30 часот против Русија.
Брестовац: Имавме премногу грешки, заслуживме да загубиме со помала разлика!