Челси на нивната веб-страница објави дека Томас Тухел е нивниот нов тренер.
Претходните две и пол сезони германскиот тренер ги помина во ПСЖ со кој освои две шампионски титули, купот и лига-купот. Со Парижаните тој стигна до финалето во Лигата на шампионите минатата сезона, каде загуби од Баерн. Пред тоа тој успешно ја водеше Борусија Дортмунд со кого го освои Купот на Германија.
Тој потпиша договор со лондонскиот клуб до летото 2022 година со можност за продолжување. “Сакам да му се заблагодарам на Челси за можноста што ми ја дадоа мене и на мојот персонал. Сите ние многу го почитуваме Лампард и неговото наследство. Во исто време, едвај чекаме да се сретнеме со тимот и да играме во највозбудливата лига на светот. Благодарен сум што сум дел од семејството на Челси, чувството е одлично “, објави Тухел за веб-страницата на клубот.
Да потсетиме, Челси ја отпушти фудбалската легенда Френк Лампард пред неколку дена по една и пол сезона. Тимот е во криза и ја освои деветтата позиција во англискиот шампионат.