Британскиот музичар Том Џонс призна дека користи вијагра. Тој го откри тоа во подкастот, наведувајќи дека „не е лошо понекогаш да имате мала помош“.

„Нема срам околу тоа кога имаш 80 години“, изјави музичарот.

Пејачот беше во долгогодишен брак со сопругата Линда, од 1957 до 2016 година, кога таа почина.

По нејзината смрт тој често е забележан во друштво на нови жени, а отсекогаш беше на мета и на разни обожавателки.

На пејачот за време на настапите жените често му фрлаа долна облека, а во една прилика некој на сцената му дофрли и клуч од хотелска соба.

Во подкастот тој се пофали дека се уште го има гласот како во своите триесетти.

„Тоа е голема работа, имам осумдесет години, а звучам како се уште да имам триесет. Во тие години веќе се губи контролата, но јас се трудам и туркам понатаму“, заклучи пејачот.