Ким Кардашијан се расплака за време на појавувањето во подкастот на Енџи Мартинез додека зборуваше за воспитувањето деца со Канје Вест, кој често е во очите на јавноста поради бројните неодамнешни скандали со антисемитски коментари.
„Заедничкото одгледување е толку тешко“, рече таа.
Таа изјавила дека прави се за да ги заштити своите деца од контроверзното однесување на нејзиниот поранешен сопруг.
„Имав одличен татко, за кого имам најубави спомени. Сакам и моите деца да го имаат тоа. Ако не знаат што се зборува или што се случува во светот, зошто треба да се занимаваат со негативни работи? Дури и возрасните не се подготвени да се справат со нив“, рече таа.
Таа нагласи дека нема да зборува лошо за поранешниот сопруг
Таа додаде дека ќе биде подготвена кога нејзините деца ќе почнат да и поставуваат прашања за јавните настапи на нивниот татко, но нагласи дека од неа нема да слушне лоши зборови за Канје.
„Еден ден моите деца ќе ми се заблагодарат што не зборував лошо за нивниот татко иако имав прилика. Приватно ќе им дадам одговори на се што сакаат да знаат“, рече таа.
Да потсетиме дека Кардашијан и Је, се венчаа во 2014 година и се разделија на почетокот на 2021 година, имаат заедно четири деца: деветгодишната Норт, седумгодишниот Сент, четиригодишниот Чикаго и тригодишниот Псалм.