Тренерот на Баерн, Ханси Флик веќе некое време е во „војна“ со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, а по бројните шпекулации, 56-годишниот стручњак денес објави дека сака да ја напушти клупата на крајот на сезоната.
Германските медиуми постојано пишуваа за нивните затегнати односи. Флик денес објави дека побарал раскинување на соработката со клубот и дека има желба да замине на крајот од сезоната.
„Сакам да ја прекинам соработката на крајот на сезоната. Тоа е факт и за мене беше многу важно тимот да го слушне тоа од мене“, рече Ханси Флик и рече дека неговата одлука не е воопшто лесна.
Тој, наводно, е главната желба на Фудбалскиот сојуз на Германија на позицијата селектор на репрезентацијата, долгогодишниот селектор Јоаким Лев одлучи да ја напушти, но Флик сè уште не разговарал со претставниците на ДФБ за оваа работа.
Флик побара од управата на Баерн повеќе да се прашува во врска со трансферот во минатото, но беше одбиен затоа што тренерите не се прашувале премногу за играчите кои доаѓале во клубот во минатото.
Тренерот на баварскиот клуб очигледно повеќе не сака да работи така и реши да си замине, а германските медиуми ги открија имињата на играчите кои Флик ги посакуваше од клубот во изминатата година.
Ниту една желба на тренерот на Баерн не е исполнета, а списокот што е објавен има навистина интересни имиња и сигурно би било многу интересно да ги видиме во дресот на великаните од Минхен.
Така, во преодниот рок во јануари 2020 година, Флик побара доаѓање на десниот бек на Шахтјор од Доњецк Дод, Бенџамин Хенрихс од РБ Лајпциг и Емре Џан.
Ниту едно негово барање не беше прифатено од раководството на Баерн, како и барањето за играчи во летниот преоден рок минатата година. Наводно, во тоа време, Флик ги побарал од управата на клубот Марио Гоце, Тимо Вернер и Каи Хаверц. Никој од нив во моментов не го носи дресот на баварскиот клуб и тренерот на гигантот од Минхен остана разочаран.
Флик има голема поддршка од навивачите, кои повеќе го сакаат во клубот отколку Хасан Салихамиџиќ, а тие го покажаа тоа и со убедливо мнозинство во анкетите во германските медиуми. Скоро 93 проценти од 320.000 гласови на навивачите на Баерн во анкетата на Кикер гласаа дека повеќе сакаат да го гледаат Флик во клубот, наспроти Хасан Салихамиџиќ, а другите анкети во медиумите се совпаѓаат со оваа.
Сепак, одличниот стручњак реши да си замине на крајот од сезоната и Баерн сега ќе тргне во потрага по нов тренер. Наводно, главен кандидат за негов наследник е тренерот на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман.