Лионел Меси ќе биде дел од ПСЖ за натпреварот против Манчестер Сити, но се уште не е сигурно дека ќе биде во стартниот состав, изјави тренерот на францускиот тим, Маурисио Покетино.
Аргентинецот ги пропушти последните два натпревари на „светците“ поради повреда на коленото, но треба да биде подготвен за натпреварот во вторник.
„Ќе ги знаеме стартните 11 на денот на натпреварот. Но, мислам дека Меси ќе биде во тимот”, изјави Покетино.
Тренерот на францускиот тим истакнува дека на 34-годишниот фудбалер му треба време да се навикне на новата средина.
„Зборуваме за најдобриот фудбалер на светот. Но, мора да разберете дека е потребно време да се прилагоди. Тој беше во Барселона 20 години, секако дека таму се чувствуваше како дома. Тука се е ново за него. Се среќава со соиграчите. Ќе успее, сигурен сум дека ќе постигне големи работи со овој тим“.
Покетино очекува возбудлив натпревар против англискиот шампион.
„Сити го води најдобриот тренер. Сакаат да ја освојат Лигата на шампионите. Но, тоа е и наш сон. Се чини дека Сити е пред нас, но во фудбалот, се е можно“.