-Нормално е да има влијание, бидејќи долго време успешо ја водеше партијата, на овој начин екс министерот Никола Тодоров одговори на прашањето дали Груевски има влијание во ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Слободен печат.
-Нормално е да има, затоа што долго време успешно ја водеше партијата и државата, па членовите на ВМРО-ДПМНЕ, но и десно ориентираните гласачи сѐ повеќе со некаква носталгија гледаат на тоа време и го споредуваат тоа време со ова што го живеат денес. Знаете, гласачот секогаш споредува, како се живееше тогаш, како се живее сега, како функционираше државата тогаш, како функционира сега и врз основа на оваа индивидуализирана споредба, секој човек си носи свој суд за тоа кого треба да поддржи и во кој политичар има најголема доверба, вели Тодоров.