Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар/литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денар/литар. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63,50 ден/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 65,00 денари по литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се
зголемуваат за 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/литар.