Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Truth social“ со објава по најавата на Народна Република Кина дека ќе воведе реципрочни мерки како одговор на високите американски царини.

Њујоршката берза доживеа пад по отворањето, а Доналд Трамп набрзо на својот профил објави за потегот на Кина, кој се очекува од 10 април.

„Народна Република Кина направи лош потег, ги фати паника. Тоа е единственото нешто што не можеа да си го дозволат“, напиша Трамп.

„Потегот на администрацијата на Доналд Трамп не е во согласност со правилата на меѓународната трговија, сериозно ги поткопува кинеските интереси и го загрозува глобалниот економски развој и стабилноста на синџирот на производство и снабдување“, се наведува во соопштението од Пекинг.

Кинеското Министерство за надворешни работи апелираше до САД веднаш да ги укинат едностраните царини. Тие апелираат „итно да се решат сите трговски прашања на заемно корисен начин“.

Американски Волстрит падна веднаш по отворањето, според светските агенции.

Што се однесува до нафтата, цената на барелот е во „слободен пад“. Утрово цената беше 67 долари, а моментално е на 62 – пад од шест отсто.