Не, никогаш нема да можете да прочитате ниту збор за Крис Џенер од страна на нејзиниот поранешен љубовник Тод Вотермен. Причината за тоа е „пеколниот договор“ кој Тод го потпишал, наведуваат американските медиуми.
Таа му платила одредена сума на пари со цел тој да се појави во една епизода од емисијата „Kepping Up With The Kardashians”, но претходно морал да потпише договор за тајност. Во замена за скромен надомест за настапот во реалното шоу, Вотермен го потпишал „ужаснувачкиот договор“ или „пеколниот документ“, а истиот ќе го чини милиони долари ако некогаш јавно проговори за аферата со Крис Џенер.
Ако сака да го заштити својот имот, во јавноста тој не смее да и го спомне ниту името.
Нивната афера се случила во далечната 1989 година, кога тој имал 23 години, а таа 34.
Двегодишната афера била прекината со нејзиниот брак со Роберт Кардашијан, од кој подоцна се разведе.