Земјотрес со јачина од 4,4 степени го потресе Самос, грчкиот остров во Егејско Море.
Како што објави Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 266 километри источно од Атина, на длабочина од 10,5 километри на море, 15 километри северно од Самос.
Првично нема извештаи за штети.