Tлото во Хрватска не се смирува. Утрово се регистрирани два нови земјотреси со епицентар во областа Петриње со магнитуда од 3,7 и 3,3 степени според Рихтер, информираа сеизмолошките служби.
Првиот посилен земјотрес, според објавените податоци, се случил во 4:55 часот утрово, додека вториот во 5:19 часот.
После тоа следеле уште неколку послаби земјотреси со магнитуда од 1,9 и 2,7.
Од крајот на декември хрватското тло го погодија серија земјотреси.
Најкатастрофалниот се случи на 29 декември 2020 и ги погоди централните делови на земјата. Имаше седум жртви: девојче од Петриње, пет лица во Мајске Полјане кај Глина и маж од Жажине, но и десетици повредени. Беа оштетени повеќе од 2 00 објекти, а најмногу страдаше центарот на Петриње.