Абиљ Бауш
„Во едно село, чијшто името сега не ми доаѓа на памет…“ така започнуваше славниот роман на Сервантес. И ние, исто како Дон Кихот, патиме од болест на илузијата, кога ги напаѓаме „ветришта“ како фер прошетки, очекувајќи дека во светот на економијата ќе ги победиме сите деловни славини и загрижени бројки.
Во нашата земја владее тивка, речиси донкихотовска атмосфера. Не онаа силна тишина што најавува бура, туку уморна, благоречива тишина во која економските индикатори бесшумно отчукуваат аларм инфлацијата расте, капиталните инвестиции се за малку од оние што ќе го враќаат животот во градовите, а политичката куќа се препушта на комфор и фрази од типа „сè е под контрола“. Но, како и Дон Кихот, можеби сме на праг да се разбудиме пред нивната последна битка, пред изборите, пред бура која ќе ја разниша ова „зло напукнатата“ нормалност.
Ако некој ви кажеше во 2019 дека едно семејство ќе плаќа над 63.000 денари месечно за основни потреби, ќе му се изнасмеевте. Денес, тоа е официјалната потрошувачка кошничка за четиричлено семејство. Според Државниот завод за статистика, инфлацијата во јуни 2025 изнесуваше 5,6% на годишно ниво, со храна и енергија како клучни двигатели.
Во споредба, инфлацијата во ЕУ падна под 3% во истиот период (според Eurostat), додека во Србија е 4,7%, а во Албанија 3,9%. Се поставува прашањето: дали навистина немаме механизми или едноставно „тие“ имаат политичка волја, а ние само волја за одложување?
Во првото полугодие од 2025, реализацијата на капиталните инвестиции во Република Северна Македонија е само 28% од планираното. Додека државата планираше преку 700 милиони евра за капитални проекти, реализирани се нешто над 196 милиони евра. Тоа значи дека не градиме автопати, не реновираме училишта, не дигитализираме услуги туку само ветуваме.
Во Хрватска, реализацијата на капиталните инвестиции во првата половина на годината достигна 44%, во Грција 53%, а Бугарија е над 48%. Очигледно, во соседството се гради, кај нас се распишуваат тендери и се менуваат изговори.
Владата гордо го објави економскиот раст од 2,1% за вториот квартал, но со ограда „под очекувањата“. Светска банка веќе го ревидираше растот за 2025 на 1,8%, што е далеку под проектираните 3,5% во буџетот.
Главниот двигател? Потрошувачката, а не инвестициите. Бруто-инвестициите паѓаат, извозот стагнира, додека увозот расте класичен рецепт за структурен дефицит. Дури и растот на услугите не може да го прикрие фактот дека индустриското производство падна за 2,7% во однос на лани.
Тивко, но ефикасно, Владата обезбеди 500 милиони евра кредит од Унгарија, од кои 250 милиони се распределени кон општините. Се чини како поздрава алтернатива на Скопската чаршија отколку на ЕБОР или Светска банка.
Но, што ќе се финансира со тие пари? Според првичните информации локални инфраструктурни проекти, патчиња, осветлување, урбано зеленило, и најмногу подготовки за локалните избори во есента 2025. Општините кои ќе добијат „инфузија“ ќе добијат и нови тротоари и стиропор фасади, за да можат градоначалниците да ги дочекаат изборите со лента и ножички.
Сè ова се случува во момент кога граѓаните очекуваат стабилност, предвидливост и реални реформи. Меѓутоа, наместо тоа, добиваат „празнични кошнички“, „попусти за пензионери“, и враќање на стари рецепти кои личат на популизам наместо продуктивност.
Споредено со Словенија, каде минималната плата е 1.304 евра, и економскиот раст за 2025 се проектира на 2,8%, ние сè уште дискутираме дали треба да ја покачиме минималната плата на 400 евра, и како тоа ќе влијае врз буџетот.
Најопасната криза не е онаа што експлодира, туку онаа што молчи. А нашата молчи со инфлација над европскиот просек, со капитални инвестиции на хартија, со економски раст под потенцијалот, и со политичка енергија насочена кон изборни победи, а не структурни реформи.
Можеби е време да се запрашаме ако сè е „тивко“, дали некој ја наместил тишината? Или само ние се навикнавме да не слушаме?