Вечерва во центарот на Тирана, на плоштадот „Скендербег”, светна голема, богато украсена новогодишна елка, јави дописничката на МИА од Тирана.

По традиција во присуство на голем број деца и други граѓани светилките ги запали градоначалникот Ерион Велиај.
На плоштадот „Скендербег” изградено е село за одмор што ја шири магијата на крајот на годината.

Покрај Фан зоната каде се следат натпреварите од Светското првенство, на плоштадот се поставуваат дрвени ложи и играчки, каде децата и младите ќе имаат можност да се забавуваат оваа празнична сезона.

Поставени се светилки и други украси и на сите улици во главниот град. Празничното украсување на градот е традиција која се следи веќе со години.