Градоначалникот на Тирана Ерион Велјај за време на својата последна посета во Софија пред два дена оствари средби со цел проширување на партнерствата со бугарските членови во најголемата мрежа од општини на Балканот B40, јавува Амбасадата на Албанија во Софија, пренесува Трибуна.

Градоначалникот Велјај се сретна со градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, со кого го изразија заедничкиот став за важноста на Коридор 8 и рестартирањето на директните летови Тирана -Софија преку Рајнер или Визер.

Тирана ќе претседава со B40 мрежата и ќе биде фокусирана врз иновациите, креативноста и соработката меѓу градовите на Балканот.

Основните пораки по средбите на градоначалникот Велјај во Бугарија се дека Балканот има значаен потенцијал во однос на трговските и инвестициските патишта низ градовите. Воедно со тоа Тирана и Софија се градови со одлични односи кои се ориентирани кон трајните решенија во работењето со младите и дигиталната трансформација.