Поранешна  ученичкa во приватото средно училиште „Руѓер Бошковиќ“ во Белград со нож исекла другар (16 г.) и наставничка (44 г.), потврдено e денеска во Министерството за внатрешни работи.

Као што јави дописникот на МИА од Белград, наставничката е пресечена во пределот на раката.

Тинејџерката која е на возраст од 16 години била совладана и приведена од припадниците на МВР.

Во втор инцидент денеска во Белград, по пријава, полицијата работи на утврдување на фактите дека ученик од основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Белград донел список со имињата на лицата кои наводно сакал да ги убие.

Во МВР било пријавено дека момчето кое е ученик во ова белградско училиште има некаков список.

По пријавата полицијата излегла на лице место и извршила разговор со момчето и неговите родители.

Во друго белградско училиште, трето од утрово, се случи инцидент „инспириран“ од вчерашната трагедија во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Имено, во основното училиште „Милоје Васиќ“ во Калуѓерица, еден од учениците преку социјалните мрежи се обидел да имитира дел од постапките на К.К., виновникот за вчерашната трагедија, пренесува Данас.

Службениците во училиштето веднаш повикале полиција и други служби. Полицијата го приведе ученикот и неговите родители и тој ќе биде суспендиран од настава до понатамошно известување.

Сакаме да ве увериме дека училиштето ќе продолжи да ги презема сите законски мерки за да им обезбеди на децата безбедна средина. Затоа нема место за никаква паника, бидејќи животот и работата мора да продолжат понатаму, соопштија од ОУ „Милоје Васиќ“ на огласната табла на училиштето, велејќи дека поради сите горенаведени околности, наставата нема да се одржи утре.

Исто така, полицијата во Обреновац го уапси таткото на малолетниот ученик, кој утринава во ОУ „Јефимија“ во Обреновац по едноминутно молчење за настраданите од вчерашниот масакар, извадил пластичен пиштол.