Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани.
Владата на вчерашната седница донесе одлука и го задолжи Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква кое има 27 соби и 56 легла на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои имаат потреба од дополнителна медицинска услуга во период од 10 јуни до 20 август.
Дополнително, тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на пациентите.
„Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита. Доколку медицинските тимови и здравствени работници одлучат дека е потребно продолжување на временскиот период за лекување и рехабилитација на пациентите, Владата ќе ја продолжи одлуката.
Пациентите нема да платат ниту денар, се е на трошок на Министерството за внатрешни работи и Владата кои ќе обезбедат сместување и оброк на пациентите, како и оброк за медицинскиот кадар.
Приоритет се и ќе останат граѓаните. Нашата политика е да работиме одговорно и посветено, а не да влегуваме во дневно политичките обвинувања со одредени опозициски партии кои за жал од трагедијата сакаат да соберат некој поен“, се наведува во соопштението од Владата.
Текстот Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква е превземен од МАКФАКС.