Козметичките третмани и совети за нега на кожата кои се активни на социјалните мрежи некогаш знаеме да ги направиме во нашиот дом и да бидеме задоволни од истите. Сепак, некои од нив треба да ги препуштиме на професионалците.

Ѕвездата на австралискиот „Big brother“, Тили Витфелд, целосно го уништила лицето со козметички третман кој го нашла на социјалната мрежа „Тик – Ток“. Таа објаснила дека поради тоа завршила во болница.

„Вака изгледаше моето лице само една недела пред да влезам во куќата, а сега ставам многу шминка или ставам маска од глина за да го сокријам тоа“, напишала студентката покрај фотографијата на која лицето ѝ е со црвени лузни.

Проблем со акните се обидела да ги реши со бројни ретмани и пробувала се што и било понудено. На ТикТок го пронашла козметикиот третман од една девојка која тврдела дека знае како да се ослободи од акните на лицето и ја советувала сама да направи третман со акупунктура во домашни услови, а Тили ја послушала. Се испоставило дека тоа било нејзината најлошата одлука.

Веднаш по „третманот“ завршила во болница со отоци и изгореници на лицето, а претрпела и оштетувања на видот.

По ова искуство, таа само едно им порачала на своите следбеници.

„Не ги слушајте советите во кои се препорачува дома да направите нешто што инаку би требало да го прават експерти во салони за убавина“, изјавила Тили, која сега се кае што некогаш помислила дека советот од интернет би ѝ бил од помош.