Е.Пелистер дојде до втората победа во оваа сезона во Супер-лигата. Еурофарм Пелистер ја забележа и втората победа во новата сезона на Суперлигата, откако како гостин со сигурни 24-30 го совлада тимот на Тиквеш, кој вечерва одигра сосема солиден натпревар против големиот фаворит.

Божиќ Павлетиќ постигна 6 гола, еден помалку имаше Мандалиниќ, на другата страна Јанчев, Трпковски, Симиќ и Темелкоски имаа по четири погодоци.