Сите познаваме барем една личност која секогаш го избегнува плаќањето на кафе или вечерата, бидејќи го заборавила паричникот или банкоматот токму сега ѝ ја проголтнал картичката. Освен на другите, скржавците штедат кога се во прашање и самите тие, многу често се грижат и за најситниот трошок кој не секогаш е нужен. Најголемите скржавци се следните знаци:

БИК

Биковите се многу шармантни и популарни во друштво, а тоа знаат многу добро да го искористат. Секогаш знаат да ги изманипулираат другите за да бидат почастени со пијачка или вечера, но никогаш немаат грижа на совест. Сепак, тие на себе сакаат да потрошат малку повеќе, а најмногу штедат на подароците за своите пријатели.

Фото: Пиксабеј

ДЕВИЦА

Девиците се неверојатно организирани околу своите пари кои ги трошат и остро ги осудуваат оние кои не водат сметка за своите финансии. Никогаш не трошат доколку не мораат и сакаат да важат за луѓе кои паметно штедат, иако се всушност големи скржавци.

Фото: Пиксабеј

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се опседнати со трошење за сопствените уживања, поради што не трошат многу на другите во нивниот живот. Како и Биковите, поради добриот статус во друштвото тие знаат секогаш да бидат почастени со некоја пијачка или вечера, а често знаат и да излажат дека немаат доволно само за да може да тргнат пари на страна кои подоцна би ги потрошиле на накит или ново парче облека.