-Вие сте најголемата хиена, слуга на Зоран Заев, со овие зборови Боки 13, поточно Бојан Јовановски на навреди судијката Стефче Гавриловска Ефремовска при читањето на образложението на пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“.

Инаку, Бојан Јовановски, познат како Боки-13, денеска е осуден на казна затвор од 9 години за случајот „Меѓународен сојуз“. Тој за двете кривични дела доби затворски казни од по 5 години, или единечна казна од 9 години.

-Виновен е затоа што го сторил кривичното дело „Измама“ и „Перење пари“, истакна судијката Софче Гавриловска.

Обвинетата Јасна Ерцеговиќ , пак, е осудена на казна затвор од 4 години, а Фросина Ременски се ослободува од обвинението.

-Јавниот обвинител не докажа дека обвинетата Ременски го сторила делото за кое се гонеше, истакна судијката.

Обвинетата Христина Блажевска пак е осудена на казна затвор од една година. Таа беше ослободена од вина за кривичното дело измама, но беше прогласена за виновна за помагање за извршување на делото „Перење пари“. Таткото на Боки 13, Миле Јовановски, доби условна казна.

Обвинителството тврдеше дека во овој случај двајцата бизнисмени Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски биле доведени во заблуда и измамени со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси и дале речиси еден милион евра – Мицевски сума од 719.905, а Амзоски 233.821 евро.