Пејачката Тијана Дапчевиќ го сподели своето искуство поврзано со вишокот килограми што ги добила за време на бременоста.

Тијана изјави дека кога била бремена со својот син Вук, качила 45 килограми и дека имала 115 килограми пред да се породи.

Како што вели, постојано била гладна и честопати прибегнувала кон нездрава храна.

Буквално носев уште една личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутовите. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Меѓутоа, почнав да слабеам дури кога сфатив дека мене не ми треба никаква диета, туку да го променам мојот начин на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш мислиме само на храна и на тоа што ќе јадеме, а што не смееме да јадеме“, изјавила пејачката за „Хит Информер“, пренесува „Ало“.

Имено, Дапчевиќ денот го започнува со овесни снегулки со чиа семе и црвено овошје, за ручек обично јаде месо од мисирка со зеленчук, а за вечера риба со салата.

Имав криза на почетокот, но дадов сè од себе за да издржам. Сите треба одбегнуваме шеќер, брашно и млеко. На тој начин ќе ја достигнеме посакуваната тежина, но сепак, како и другите жени, и јас често се опуштам и пак качувам по некој килограм“, вели Тијана, чија цел е да изгуби уште девет килограми.