Партијата за движење на Турците (ТХП) изрази подготвеност да учествува во дебатите за промена во изборниот модел и ја поддржа иницијативата за отворање на широк дијалог околу измени на Изборниот законик, велат од партијата во врска со прашањето околу една изборна единица.
„Веќе долди години како ТХП бараме промена на изборен модел односно модел којшто ќе овозможи правично и фер претставување на помалкубројните етнички заедници во Собранието на Република Северна Македонија. Така што официјалниот став на Партија за движење на Турците (ТХП) е да има посебна изборна единица за учество на избори на партиите на помалкубројните етнички заедници. Во таа посебна изборна единица партиите на помалкубројните етнички заедници ќе се натпреваруваат меѓусебно. Со оваа посебна изборна единица при парламентарни избори во државава на која ќе биде овозможено да гласа гласачи од помалкубројните етнички заедници. Од оваа изборна единица ќе се избираат пратеници само тие што ќе го поминат прагот, односно под услов да биде освоен одреден минимум број на гласови“, велат од ТХП.
Партијата смета дека со ваквиот изборен модел не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помалкубројни етнички заедници ќе имаат зголемени шанси за парламентарно претставување, кое е особено важно за негување на мултикултурниот карактер на Република Северна Македонија.
Текстот ТХП: Посебна изборна единица за помалкубројните етнички заедници е превземен од МАКФАКС.