Патникот во следната рунда од ракометната ЛШ помеѓу македонскиот тим Вардар 1961 и Веспрем е решен уште во Скопје, гостинскиот состав славеше со убедливи 27-41 (11-21).
Ова е еден од најтешките порази на македонскиот претставник во најелитното европско клупско натпреварување.
Иван Чупиќ беше единствениот расположен играч со осум погодоци, по три имаа Георгиевски и Стоилов. На другата страна, македонскиот репрезентативец Дејан Манасков имаше четири гола од исто толку обиди.
Прво име беше Маргуч со осум гола. Коралес беше фантастичен на голот, запиша 15 интервенции.
Реваншот се игра за седум дена во Веспрем.
Извор: kurir.mk