При пристигнувањето на стадионот во Тетово нападнати се клубот и играчите на ФК Шкупи, објави ТВ21.
Спортскиот директор на ФК Шкупи, Омер Буњаку за ТВ21 вели дека има повреден фудбалер.
На снимката која ја обезбеди ТВ21, се гледа како играч лежи на земја.
Инаку, претходно на пунктот Скопје-Тетово полицијата ја врати навивачката група на ФК Шкупи, Шверцери.