Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи е позитивна на коронавирус.
Оваа вест таа ја потврди преку својот Фејсбук профил.
„Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација. Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот се уште е меѓу нас и може да влијае на секого! Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро! Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе, семејството и другите околу вас!“, посочи Арифи.