Тетовската градоначалничка Теута Арифи и кандидатка за нов мандат од редовите на ДУИ денеска на средби со граѓаните ја презентираше понудата која локалната самоуправа ја нуди во поглед на социјалните услуги кон населението. Нејзината програма за нарендите четири години предвидува повеќе новитети од кои е и бесплатна храна за сите ученици од прво до петто одделение.
-Во однос на идните четири години имаме неколку новитети, прв и многу важен дека храната и исхраната за децата од прво до петто одделение ќе биде на терет на буџетот на општината и буџетот на училиштата. Ние ги имаме веќе стаблизирано сите училишта и според наши предвидувања може да си дозволиме исхраната на децата од прво до петто одделение да не биде на терет на семејствата туку да биде на наш терет, изјави Теута Арифи.
Другите социјални програми се во однос на децата со аутизам.
– Предвидуваме неколку точки во градот, неколку пунктови каде што ќе може да се има базични продукти за социјално загрозени семејства. За нив ќе има социјална карта и тие ќе можат да користат овие услуги во овие пунктови и ќе може да користат бесплатен градски превоз и да имаат поддршка во однос на училиштетот доколку имаат деца на училишна возраст. Друг важен дел е адаптација на нашата инфраструктура за сите наши сограѓани со посебни потреби и во целина да создаваме едно социјално хумано и чувствително општество, рече градоначалничката Арифи.
Таа посочи дека во текот на четирите години се реализирани повеќе проекти како поддршка за деца со попреченост преку образовни асистенти во 10 основни училишта, која ќе биде продолжена и понатаму