СВР Тетово информираше дека вчера околу 15 часот на автопатот Тетово-Гостивар одзеле автомобил марка „Порше“ во сопственост на 31 годишен маж од Џепчиште.
Како што велат од таму, Поршето е одземено поради тоа што не било регистрирано 15 месеци. Според законот, возилата кои не се регистрирани повеќе од шест месеци, не смеат да се возат, во спротивно ќе бидат одземени