Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи гостуваше во Клик Плус на Тв21, а меѓудругото даде одговор зошто подолго време автобусите кои се купени за градски превоз, стојат паркирани на паркинг. Таа вели дека има недостиг на шофери во Теотово.
Новинар: Еве автобусите.
Арифи: Да, ние ги донесовме.
Новинар: Да, но не сообраќаат, стојат, не функционираат.
Арифи: Ќе почнат да се сообраќаат кога ќе биде прецизирано како треба да се движат“,
Арифи не спомна конкретен датум кога автобусите ќе ги гледаме по улиците на Тетово. За многу зборуваните велопатеките, Арифи рече дека се нервирала кога го видела спроведувањето на градежните работи на велосипедските патеки.