Во име на Иницијативата НУЛА – ви благодариме што се приклучивте на протестот од НУЛА!
И покрај неповолните временски услови, вие бевте таму – присутни, гласни и решителни да испратите јасна порака: не забораваме. Жртвите не се само жртви на трагедии – тие се жртви на еден трул систем, изграден врз корупција, криминал, неспособност и институционална негрижа.
Имаше и такви кои се обидоа да го оцрнат овој протест, да му дадат партиска позадина, да стават туѓо знаме врз нешто што е длабоко граѓанска иницијатива, иницијатива на млади луѓе со совест.
Ние почнуваме од НУЛА – затоа што таму каде што има неправда, не се гради врз старото. Не се гради врз компромиси. Почнуваме од вистината. Почнуваме од НУЛА.
Со чисти раце, со храбри срца.
Ќе продолжиме, драги граѓани.
Ова беше само почеток на една долга битка за вистинска правда. Затоа што имаме морална и општествена обврска кон жртвите – тие да најдат мир, само тогаш кога вистинските виновници ќе бидат зад решетки.