Алијансата за Албанците ја обвини градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, затоа што веќе една недела градот нема вода за пиење. Според нив, причина за тоа е свлечиште меѓу двете планински села Бозовце и Лешница, како резултат на градежни зафати за приватни хидроцентрали.

Од Јавното претпријатие за водовод и канализација уверуваат дека дефектот ќе биде саниран до утре.

„Тетово не само овие 7 дена, туку постојано има проблеми со вода за пиење. Последниот случај го надмина трпението на секој тетовчанец кој се соочува со недостиг на вода“, велат од партијата на Зијадин Села.