Да се биде придружба на дел од хоспитилизараните во тетовската болница било дозволено. Иако министерот за здравство Венко Филипче изјави дека посети во ковидцентрите биле забранети, а координаторот во ковид центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини рече дека „посетите се казниви“, сведоштвата на луѓето го говорат спротивното – во недостиг на кадар, токму овие луѓе се грижеле за своите најблиски.

Персоналот не е виновен, имаше две сестри и еден доктор, а постојано имаше смртни случаи. Тие не се виновни, се трудеа колку можат. Виновен е системот. Еднаш беше најавена инспекција и ни кажаа да се тргнеме еден час, да не нè видат. Знаеја дека сме со нашите најблиски во болницата, но понекогаш повеќе им одговараше блиските да бидат тука, за да ги пресоблечат и да ги надгледуваат, сведочи соговорник на А1 он.


Целиот текст ТУКА

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.