Тетовчанец е осомничен дека ја силувал малолетната ќерка.

Како што информираат од СВР Тетово, вчера во 16.50 часот 31-годишна жена од Тетово пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Ш.И. (36) од Тетово во неговиот дом ја силувал нивната малолетна ќерка.

На 28.06.2024 во 00.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (36) од Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.