Маж од селото Џепчиште, Тетовско, бил пријавен дека удрил во жена со автомобил, по што физички ја нападнал, а ја нападнал и нејзината придружба.

„На 10 мај во 14:50 часот во Полициската станица Центар, С.Ј.(53) и С.К.(51), двете од Скопје, пријавиле дека на паркинг-простор во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ – Скопје, Л.Л.(25) од с.Џепчиште, Тетовско, откако со патничко возило ‘фолксваген голф’, со тетовски регистарски ознаки, удрил во С.Ј., физички ги нападнал двете“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.