Тетовчанец е тешко повреден откако вчера со автомобил излетал од патот Охрид –Кичево кај селото Ново село.
Според информациите од МВР, се работи за С.Џ. (47) од Тетово, кој управувал автомобил „Форд Мондео“.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјална болница “Св.Еразмо“ во Охрид. На местото на настанот, извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.